За нас

Корисниците пред сè

laptop.mk ги сака своите корисници, па затоа и корисниците го сакаат laptop.mk! Секојдневно вредно работиме за да ги исполниме желбите и потребите на нашите корисници, и постојано да ги надминуваме нивните очекувања. Нашите атрактивни зделки и бизнис алатки, истовремено носат нови забавни искуства за корисниците по супер цена, но и развој на компаниите соработници и можност за привлекување на нови клиенти.


Секогаш со срце, но и со многу разум

Тимот на laptop.mk созреа и порасна, но успеа да го зачува детето во себе и постојано да радува, забавува, изненадува и да внесува бои во здодевното секојдневие. Сите laptop.mk зделки, изненадувања, кампањи, наградни игри и акции се смислени со одличен спој на срце и разум, сè со цел вистински да ги израдуваат корисниците и да изградат нераскинлива врска меѓу laptop.mk, компаниите соработници и крајниот корисник.


Тимот на laptop.mk

Во услови на постојани промени на пазарот, предизвици и конкуренција, тимот на laptop.mk секогаш мора да е спремен за иновација, креативност, брзо решавање на проблемите и чекорење напред. Креативната култура и тимскиот дух се чувствуваат во воздухот штом влезете во нашите канцеларии, а таа магија со години привлекува вредни вработени, кој со своето знаење и пасија го прават laptop.mk најдобриот и највозбудливиот сајт за online купување.


Нашиот успех е успех за е-трговијата

Од почетоците во 2011 година до денес, успеавме да направиме вистинска револуција во македонската е-трговија, буквално ја разбудивме, ја раздвиживме и поставивме стандарди за квалитет. Го разгазивме патот за другите и понудивме одлична промотивна алатка за секој бизнис, без разлика на големината или индустријата во која работат. Со растот и развојот на laptop.mk, растеше и свесноста кај бизнисите и корисниците, македонскиот интернет маркетинг и online купувањето, правејќи ја нашата успешна приказна, успех за целата македонска е-трговија.


Гледаме напред

Иако сме горди на нашето минато и секогаш со задоволство се сеќаваме на почетоците, сепак најмногу сме посветени на иднината и на она што допрва треба да го достигнеме.